Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Таравари за Алфа: Од 2 септември почнува процесот на интеграција на 32 клиники во една

Ќе успее ли Арбен Таравари да ги спои клиниките на Клинички во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе успее ли Арбен Таравари да ги спои клиниките на Клинички во една целина која ќе ја раководат еден или двајца менаџери? Министерот за здравство цврсто стои позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години. Таравари најави дека во првите денови од септември ќе ги седне на маса раководителите на клиниките – за да се направи анализа и да се бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија.

“Од 2- ри септември ќе имам советодавно тело во Министерството со кое што ќе започнеме процесот на интеграција.А тоа е интеграција на Клинички центар и тоа беше ветување да немаме 32 клиники на Клинички центар каде што имаме по пет членови на управен одбор туку да биде еден клинички како секаде во светот. И да има еден директор или двајца директори евентуално борд од директори, ќе видиме кое е  најдобро можно решение” изјави Таравари во политичкиот магазин на Алфа, “За или против”.

Инаку, сегашните 30 –тина медицински и исто толку организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните седум години најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори, истото го вети и СДСМ во предизборната програма 2016-та. Но, тоа не се случи.

Реклама

Идеата на Таравари не е спојување само на скопските клиники, тој вели дека доколку се направи добра реогранизација, болниците ќе раководат и со здравствените домови ширум државата.

“Со истиот закон ќе се направат промени и во сите градови .На пример, постои општа болница во Штип, постои здравствен дом во Штип, ние ќе одиме со интегрирање за во секој град да има една јавна здравствена установа. Потоа ќе има шефови за примарно, секундарно здравство епидемиологија и превентива” изјави министерот за здравство.

Инаку, пред само неколку недели министерството за здравство заедно со Владина одлука ги разреши организациските директори во јавните здравствени установи.Таравари смета дека тоа е огромен чекор за да се почне со промените. 

Со оваа одлука за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година. Оваа заштеда е само од укинување на функцијата организациски директор, а во иднина нема да има трошоци за секретари, службени возила, телефони и патувања во странство што досега ги користеа овие функционери.

Ања Лукарова