Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Ревидирана позитивна листа со нови 87 лекови, укинување на економските директори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ревидирана позитивна листа со нови 87 лекови, укинување на економските директори во јавното здравство,нова компресорска станица на Клинички, 600 вработувања на приватните специјализанти, реновирани оддели во повеќе здравствени установи, нова опрема во клиниките и болниците, план за враќање на докторите од приватното во државното здравство – ова се само дел од  сработените проекти на министерот Арбен Таравари за 100 дена раководење со овој сектор.Тој и натаму стои цврсто позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години, а тоа е две катни гаражи на Клинички но и спојување на скопските клиники  во еден центар со кој ќе раководи еден или неколку директори.

“Моментално, на Клинички центар има 800 паркинг места, вака би имало над 1.600 места за паркирање, што мислам дека ќе биде многу порелаксирано за сите кои работат и кои доаѓаат како пациенти во Клиничкиот центар. Процедурите не можеме да ги забрзаме. Мораме да се придржуваме на сите законски норми. Ќе се обидеме целиот процес да биде што потранспарентен и што побргу да ја завршиме постапката. Барем, ако можеме, од почеток на идната година да се користат катните гаражи”, истакна Таравари.

Таравари најави вработувања во здравството, каде што до крајот на годината, ќе бидат вработени 1.200 здравствени работници кој биле со договор на дело, потенцираќи дека најнеопходни се медицинските сестри. Но и откри дека Владата ја тргнала забраната од претходната власт, за докторите да не можат да се вратат од приватно во државно здравство.Според него тоа е чекор напред за да да се подобрат здравтвените услуги.

Реклама

Од август 2022 година имаше забрана (за лекарите) да не можат од приватни болници да се вработат во државни. Пред 3 недели го поништивме ова. Сега подготвуваме правилник во Министерството… Јас разговарав со 10 такви лекари, тоа се кадри што гледаат надеж во јавното здравство. Ова е добар чекор, се надевам дека идната година ќе продолжиме со такви доктори кои покажуваат интерес да се вратат во јавното здравствоизјави министерот.

Министерот говореше и за долгите листи на чекање за хируршки операции кои дополнително се влошени поради проблемот со компресорската станица на клиничкиот центар.

Според сведочењето на пациентите на државно, по неколку месеци, а некои и половина година чекаат слободен кревет за операција која не е итна, ама попладне или во неработен ден може да се најде термин за интервенција, ако си платат приватно во истата јавна здравствена установа. Таравари кажа ќе се контролира колку операции вака се извршуваат и дали има злоупотреби.Затоа што во минатоте доктори од јавното здравство оперирале во приватните болници.