Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Taравари: Не мора сите пациенти од цела Македонија да се праќаат на лекување во Скопје

Не мора сите пациенти од внатрешноста да бидат препраќани на лекување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не мора сите пациенти од внатрешноста да бидат препраќани на лекување во Скопје. И во другите градови во Македонија, има доволен број доктори, кои можат да се грижат за здравјето на пациентите. Министерот за здравство Таравари, објасни дека во Скопје има доволно матични лекари кои имаат полни раце работа, и дека проблемот се јавува надвор од главниот град, во средини каде што има вишок на доктори и многу помал број на  пациенти.

„Се согласувам за тоа дека повеќето пациенти и тие што треба и тие што не треба се испраќаат на Клиниката за Педијатрија. Децентрализацијата што ја промовираме во јавниот здравствен систем е во тој правец. Повеќето пациенти што може да се третираат во внатрешноста на државата да се третираат таму. Матичните педијатри да не ги испраќаат, нормално, сите свои пациенти кои што не треба да доаѓаат на „Педијатрија“. Тие што се неопходни апсолутно ќе треба да бидат испратени. Меѓутоа разгледуваме најдобра можност со која што повеќето пациенти кои што можат да се тренирани во внатрешноста бидат третирани таму“, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот не е запознаен со проблемите за кои неделава реагираа дел од матичните лекари, дека ординациите им биле преполнети со пациентите со грип и пневмонии и дека не можат да креираат упат за рентген. Таравари само рече дека речиси и да нема здравствена институција во земјава во која нема рентген. 

Реклама

Најави и дека специјализантите многу скоро ќе добијат пристап до системот „Мој термин“ и печати од Лекарската комора, со што, и тие ќе можат да пишуваат извештаи, а не само специјалистите. На недостиг на кадар се пожали и директорот на детската Клиника Мемеди, кој рече дека Владата вложува напори за да го ублажи проблемот со ангажирање на нови кадри.

„Во однос на зголемување на бројот на лекари специјалисти на дежурства, тоа е системски проблем кој треба да се решава и со зголемување на бројот на специјалисти во иднина, тоа би можело да се стават повеќе дежурни на клиниката. Но специјализантите се лекари со лиценца и тие се компетенти да прегледуваат пациенти“, изјави Реџеп Мемеди, директорот на Детската клиника.

Министерот Таравари одговори и за случајот со смртта на 7-месечното бебе, за кој рече дека Комисијата во Министерството за здравство утврдила дека нема лекарска грешка.

Љубиша Владимиров