Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Таравари може да ја крене ДУИ од смртна постела: Од последните случувања на политичката сцена единствено корист има Ахмети

Арбен Таравари да ја оживее ДУИ од смртна постела. Само тоа може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари да ја оживее ДУИ од смртна постела. Само тоа може да го постигне со одлуката да ја напушти Вреди и евентуално да соработува со партијата на Али Ахмети. Интегративците се единствените кои можат да добијат од новите случувања на политичската сцена. Новинарот Џенур Исени за Алфа вели дека постоеше опција интегративците на локалните избори да доживеат целосен дебакл и да останат без ниту општина, но Таравари сега ги промени состојите.

-До овој потег на Таравари ДУИ беше на смртна постела, но после овој потег некако се оживува од клиничка смрт, што беа до ова време, бидејќи последните анкети јасно кажуваат дека Вреди да останеше со Таравари како што беа ќе го победеа ДУИ, но сега без него ситуацијата малку се промени, затоа ДУИ почна како што кажав да се оживува, вели Исени.

Од она што е познато е дека Таравари и Ахмети оствариле контакти, но се уште не се знае дали ќе соработуваат на локалните избори. Според Исени легитимно е Таравари да сака сам да ја провери својата сила, но евентуалната соработка до ДУИ би била удар на сам себе врз она што го правел минативе години.

Реклама

-Господинот Таравари веќе наместил коцките како ќе настапи на локалните избори, сосема легитимно е една партија да излезе сама со свои листи, со свои листи, а друго прашање е кому тоа му оди во прилог, вели Исени.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари остварија средба која поминала во конструктивен дух. Првиот човек на Алијанса и шефот на македонската Влада се договориле да продолжат со разговори во текот на месецов, по што ќе се знае иднината на Таравари во Владата.

Матеја Петровски