Министерот за здравство бара од Клиниката Козле да постапи по примерот на Детската Клиника која поведе постапка против двајца специјалисти за случајот со починатото 14-месечно бебе. Тој не е за бракање од работа и казнување на докторите, но смета дека треба да има одредени мерки и одгороност за овој трагичен настан. Таравари уште еднаш потврди дека имало лекарски пропусти за време на третманот.Од Лакарската комора последно што кажаа е дека не можат некого да обвинат само врз база на извештајот без решение од министерството. И додека Комората чека решение од Таравари, тој чека од директорите на установите каде било лекувано бебето да преземат мерки.
„Како Министерство испративме до Лекарската комора препораки за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат“, рече министерот Таравари.
Поради смртта на 14 месечното девојче од Гошинце, минатата недела директорот на Детската клиника донесе решение за времено отстранување од работа и дисциплинска постапка за двајца лекари специјалисти кои на 3 октомври биле на смена и според стручната комисија формирана од министерството направиле превид во проценката за хоспитлизација и детето не го задржале на болничко лекување.

Од Козле пак негираат вина во нивните постапки иако од Комисијата и кај нив лоцираа системски, технички и стручни пропусти.
14 месечното бебе почина на 5 октомври на Детска каде било транспортирано од клиниката Козле во многу лоша здравствена состојба.
