Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Таравари многу се интересирал за Груби и Заев, но не и за балансери и закони за јазици

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција демантираше дека досега било разговарано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција демантираше дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство. Тоа не е вистина.

Манасиевски истакна дека Таравари само се интересирал за Груби, Заев и нивните бизниси.

„Вечерва партијата ќе  има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање.

Реклама

Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:

А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.

Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите,  дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.

Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и  важни прашања за ДУИ.

Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните“, рече Манасиевски.