Реклама

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Здравство

Таравари ќе отпатува за да ги посети пациентите во Солун и Софија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес ќе ги посети пациентите кои се…

Сподели:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во болници во Солун и Софија, а кои беа дел од критичната група повредени во трагичната несреќа во Кочани. Според најновите информации, пациентите не се во животна опасност.

На прес-конференцијата пред Ургентниот центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, министерот изјави дека сите мерки што зависеле од нас биле преземени.

„Го направивме сè што беше во наша моќ. Нашата задача е да бидеме внимателни и да им обезбедиме најдобра медицинска поддршка. Се надевам дека и нашите пријатели од странство кои ни помагаат, ќе дадат максимум во овие моменти,“ изјави Таравари.

Реклама

Министерот информираше дека од трите нови пациенти од Кочани, двајца се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје, а еден во болницата „8 Септември“.

„Болниците во Кочани и Штип сега се без пациенти, бидејќи ги повлековме сите за третман во Скопје, каде што имаме достапни терцијерни здравствени услуги,“ додаде министерот.

Таравари истакна дека во Скопје се наоѓаат 84 пациенти, а до крајот на денот, уште 26 пациенти ќе бидат испратени во други земји: 4 во Словенија, 4 во Хрватска, 6 во Австрија и 12 во Белград. Во Македонија ќе останат вкупно 58 пациенти.

„Состојбата на пациентите е стабилна. Континуирано добиваме информации од сите болници во кои се сместени,“ дополни министерот.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 140 повредени се згрижени во земјава и во странство.