Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Таравари: Ако има вина ќе има и одговорност за смртта на 14-месечното бебе

Ако има вина ќе има и одговорност. Минстерот Таравари вети дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако има вина ќе има и одговорност. Минстерот Таравари вети дека ќе се дознае вистината за смртта на 14 месечното бебе кое почина на Детската Клиника. Таравари ги потврди обвинувањата на семејството. Според ноговите сознанија, девојчето било враќано неколку пати од Клиниката, па се надева дека истражните органи ќе откријат дали тоа било по грешка или од незнаење на докторите.

“Јас навистина жалам и изразувам сочувство до семејството наследивме вакво здравствен систем каде што се случуваат вакви работи, не можеме преку ноќ да ги смениме работите но дефинитивно треба да има одговорност.Не очекувајте од денеска да судам државните органи ќе испитаат се…и некој мора да сноси одговороност кога има вакви трагични случаеви.Дали по грешка или од незнаење треба да се констатира не сакам јас да бидам судијата кој што кажува” – вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот ангажирал стручна комисија, а ќе се прави и вонреден инспекциски надзор од страна на  ДЗСИ. Ќе влезат и на Детска клиника и во Козле.

Реклама

“Заедно со ДСЗИ ќе формираме стручна комисија и веднаш да постапат и да ги земат сите детали во предвид и на крај да се донесе одлука и судот да одлучи каде е вината” рече министерот.

Тешката респираторна инфекција била фатална за 14 месечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести. Со таква дијагноза и во многу тешка состојба, помодрено, со отежнато дишење и засегнати витални функции било препратено од Козле на Детска. Дежурните не успеале да го спасат и смртта настапила неполн час по приемот. Телото е дадено на обдукција.

За само една недела од страна на министерството за здравство ангажаирани се две стручни комисиии една за починатото бебе, другата за смртта на 31 годишната родилка која почина на пораќај во кумановската болница.

Новороденчето е хоспитализирано на Детската Клиника неговата состојба е стабилна и во моментов е на респиратор за дишење.