Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Талат Џафери технички премиер –  ДУИ донесе одлука

Талат Џафери ја напушта претседателската фотеља во Собранието и се сели на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери ја напушта претседателската фотеља во Собранието и се сели на Илинденска. Од 28 јануари ќе ја предводи техничката Влада. Ваква одлука донесе раководството на ДУИ, а ја соопшти партискиот портпарол Бујар Османи.

„Мојата номинација за технички премиер претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и одговорност ќе биде спроведена, како одговор на поддршката од партиските органи“, кажа Џафери.

Неофицијално на спикерското место во парламентот ќе дојде актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Реклама

Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК.  Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На денешниот состанок во Мала Речица, партиското раководство го овластило Ахмети да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ  ќе биде министерот Фатмир Бесими.

Според договореното на лидерската средба првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.