Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Талат Џафери ќе биде последниот технички премиер: Новата власт планира да ја укинува „пржинската“ Влада

Пржинската влада заминува во историјата. Новото мнозинство најјави дека во пакетот закони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пржинската влада заминува во историјата. Новото мнозинство најјави дека во пакетот закони коишто ќе бидат доставени во Собранието ќе биде и законот за укинување на техничката влада.

  • „Планираме неколку законски решенија или како пратеничка група или како коалиција да ги поднесеме во рамките на парламентот. Еден е и тој. Зборуваме за техничката влада. Ние пред изборите имавме јасен став. Прецизен став, дека нема потреба од техничка влада. За жал тогаш не наидовме на поддршка од тогашното владино мнозинство.“ – Изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ

Пржинската влада досега создаде повеќе проблеми. Освен проблемот кој се појави со двете фотелји на кои седи техничкиот премиер Талат Џафери, техничката влада создава проблеми и во предизборниот процес.

Последно, владата на седница му поништи пет одлуки на техничкиот министер за внатрешни Панче Тошковски, па настана хаос. Аналитачарите го делат ставот дека овој вид на влада прави повеќе хаос отколку што ја ислолнува улогата на Влада за организирање на фер и демократски избори.

Реклама

Во меѓувреме, Собранието преку соопштение информираше дека Талат ќе биде и премиер и пратеник се додека не се избере нова влада.

  • Имено, кога не станува збор за оставка на претседателот на Владата, односно на Владата, кога и е изгласана недоверба на Владата или кога е распуштено Собранието, во Уставот, Законот за пратениците, Законот за Собранието и Изборниот законик, не постои одредба која што го уредува прашањето за функционирањето и престанокот на мандатот на Владата, во периодот по конституирањето на Собранието до изборот на нова Влада. – Соопштија од Собрание.

И самиот Џафери од собраниската говорница најави дека и понатаму ќе остане на премиерската фотелја се до изборот на нов претседател на Владата, а дотогаш нема да учествува во работата на Собранието.

Претходно од Антикорупциската комисија повикаа техничкиот премиер Талат Џафери и дел од министрите кои станаа пратеници да си поднесат оставки. Првата антикорупционерка Татјана Димитровска изјави дека двете функции на Џафери се неспоиви и согласно законот за спрелување на корупција, Џафери и министрите им е запретена казна од 300 до 500 евра.

Имено, во март минатата поранешниот премиер Ковачевски тврдеше дека пржинска влада не е потребна бидејќи е договорена во период кога Македонија била заробена земја, но сепак не направи ништо за нејзино укинување. Дури,

во ноември истата годидна СДСМ И ДУИ експресно го отфрлија предлогот на ВМРО ДПМНЕ за укинување на Пржинската влада.

Ова е трета техничка влада од 2016 година наваму. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, а во 2020 година беше Оливер Спасовски.


Паула Костадиноска