Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Таксата за јаглероден диоксид ќе влијае врз крајната цена на производот, но компаниите веќе размислуваат како да се справат со тоа, велат од МАМЕИ

Таканаречената такса за јаглероден диоксид што ја воведува Европската унија, а која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таканаречената такса за јаглероден диоксид што ја воведува Европската унија, а која ќе треба да ја плаќаат извозните компании од 1 јануари, ќе се одрази врз крајната цена на производот, велат од Македонската асоцијација на метална индустрија МАМЕИ.

Оттаму посочуваат дека македонските компании кои се засегнати од оваа нова давачка, веќе се подготвуваат, но дека би им биле добредојдени поволни зелени кредити, барање што го пласираше Стопанската комора на Македонија. 

– Во секој случај цената ќе биде оптеретена и компаниите се подготвуваат да се соочат со тоа. Цената ќе трпи, секако тоа е домино ефект, но сметам дека компаниите се подготвуваат долго време и секој веќе размислува како да се справи со тоа, вели Марта Наумовска – Грнарова од МАМЕИ. Во изјава за медиумите, Наумовска-Грнарова вели дека кредитните линии би биле добредојдени. 

Реклама

Засега, не се знае колкава ќе биде давачката што ќе треба да ја плаќаат македонските извозни компании од челичната, алуминиумската, цементната индустрија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на последната средба со Стопанската комора на Македонија изјави дека следната недела во земјава треба да пристигне Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница со кого ќе разговара за деталите. 

– Ни беше укажано дека ќе се земе миксот на Македонија како држава. Тоа значи дека ние минатата година 40% имаме производство на електрична енергија од обновливи извори, и дека ќе биде тој микс. Нема да се гледа поединечно, туку за државата како една целина. Тоа беше кажано минатиот пат, меѓутоа нема ништо дефинитивно. Точни информации и податоци нема, ќе разговараме и со Министерството за европски прашања, бидејќи тие комуницираат со Брисел и следната недела се надевам ќе имаме повеќе детали, изјави Божиновска.