Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

СВР Штип поднесе пријава против тројца штипјани за злоупотреби при лична асистенција

Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип до Основното јавно обвинителство Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во соопштението од СВР Штип се наведува дека според пријавата, во текот на 2022, 2023 и 2024 година, пријавените, во својство на лица кои вршат работи од јавен интерес, односно како сертифицирани асистенти за опслужување лица со попреченост од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија, биле ангажирани преку Општинската организација на Црвениот крст – Неготино, со договор за испорака на услуга лична асистенција за Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

-Со намера да се стекнат со противправна имотна корист, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањата, така што кај седум лица со попреченост – корисници на услугата лична асистенција од подрачјето на Штип, Свети Николе и Кочани нередовно ги извршувале задолжителните услуги согласно неделните и месечните планови. Иако услугите не биле извршувани во целост, пријавените изготвувале месечни извештаи со невистинити податоци за бројот на реализирани работни часови. Таквите планови и извештаи ги доставувале до Црвен крст, Општинска организација Неготино, од каде биле фактурирани до одговорните лица во ЈУМЦСР Штип и Министерството за социјална политика, демографија и млади, соопштуваат од СВР-Штип.

Реклама

Во соопштението пишува и дека со ваквите дејствија, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.120 денари, при што е предизвикана штета од 218.716 денари. Второпријавениот се стекнал со 129.966 денари, а предизвикал штета од 175.775 денари. Третопријавената се стекнала со 15.252 денари, при што предизвикала штета од 20.522 денари. 

Вкупната штета нанесена на буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади изнесува 415.013 денари.