Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

Светско бранување по најавата на Tрамп да ги присвои Гренланд и Панамскиот канал

Доналд Трамп предизвика бура од реакции по неговите коментари во кои не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп предизвика бура од реакции по неговите коментари во кои не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Гренланд и на Панамскиот канал.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повеќепати ги повтори цврстите ставови дека острвот Гренланд, кој веќе 600 години е под данска управа, не е и нема да биде никогаш даден на продажба.

Ќе кажам многу јасно. Гренланд е за гренландскиот народТој не е на продажба. САД се наш апсолутен најблизок сојузник, и тоа во сите прашања од одбраната и безбедноста, како и во однос на северниот дел на Атлантикот каде тензиите растат. Имаме јасен интерес во тоа што САД играат голема улога, а не Русија или други земји. Но, Гренланд е за гренландскиот народ. И мора да соработуваме на истиот начин на кој сме навикнати, меѓу другото, во НАТО и во другите меѓународни форуми“, изјави Мете Фредериксен, премиерка на Данска.

Реклама

На иста линија е и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на „Твитер“ напиша дека нема шанси Канада да стане дел од САД. Трамп на прес-конференција со новинарите ги повтори неговите желби за припојување на Канада како 51 членка на САД и му порача на Трудо дека САД и Канада заедно би биле голема нација. Не исклучи ниту воена анексија и на Панама и предложи преименување на Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“.

„Зборувате за Панама и за Гренланд. Не можам да ви гарантирам за нив. Но, можам да кажам дека ни се потребни за економска безбедност. Панамскиот канал е изграден за војската. Панамскиот канал е витален за нашата земја. Контролиран е од Кина. Кина. А ние Панамскиот канал го дадовме на Панама, не на Кина“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино,рече дека секој квадратен метар од Панамскиот канал и неговите соседни зони е дел од Панама и така ќе остане и во иднина. И додека светот трепери пред најавите на новиот американски претседател да испраќа војска за да ги припои Гренланд, Панамскиот канал и Канада, дел од луѓето кои живеат на најголемиот остров на светот се сликаа со неговиот син, Трамп Џуниор.

Дел од мештаните посакуваат одвојување од Данска и самостоен Гренланд. Во 2008 година на рефендум изгласаа Закон за самоуправа со кој преземаат поголем број ингеренции од данската влада, но одбраната, економската и надворешната политика остануваат грижа на Копенхаген.

Критичарите на Трамп ја нарекоа неговата идеја луда, но она што најмногу ги загрижува сите е како би реагирал НАТО во случај Америка да нападне некоја од нејзините членки. Во тој случај, би се активирал членот 5 на Алијансата кој предвидува колективен одговор на непријателски оган. Првиот човек на француската диполматија, Жан Ноел Баро рече дека ЕУ нема да дозволи други нации во светот да ги нападнат нејзините суверени граници кои и да се тие.