Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Прилози

Светски ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик не е само речник и правопис – тој е идентитет во секоја смисла

Да го унапредуваме македонскиот јазик, како во образованието, во науката, така и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да го унапредуваме македонскиот јазик, како во образованието, во науката, така и во дигиталниот простор и истиот да го развиваме да биде во чекор со современиот свет. Во институтот за македонски јазик, Крсте Петков Мисирков на денот на одбележување на мајчиниот јазик, голем број професори, научници, упатија пораки за зачувување и негување на македонскиот јазик. Претседателката Сиљановска Давкова порача дека македонскиот јазикот е единствениот мост кој не води напред, и дека ги носи искуствата на сите миниати генерации и стремежите на оние кои ќе дојдат по нас.

Мора постојано да се потсетуваме дека јазикот е темелот на идентитетот на чуварот на  колективната меморија  и единствениот мост кој не води напред во иднината“, изјави Гордана Сиљановска Давкова – претседател на Македонија.

Треба да се потсетуваме не само на формите што ги носи јазикот туку  и на суштината на таа есенција која ни ја носи јазикот. Пред се јазикот и после се друго“, изјави глумецот Никола Ристановски.

Реклама

Директорката на Институтот, цитирајќи го Ноам Чомски, порача дека мајчиниот јазик е првиот прозорец кон светот.

„Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, цела историја која го прикажува општеството какво што е. Нашата задача е да го проучуваме и негуваме македонскиот јазик како мајчин и службен во македонската држава, но, истовремено да ги почитуваме нашите сограѓани и соседи од другите заедници во нивните стремежи за негување на своите мајчини јазици“, изјави Елена Јованова Грујовска

Професорот и автор на првиот македонски етимолошки речник, Гоце Цветановски, потсети дека прашањето за јазикот не е само лингвистичко прашање туку и прашање на достоинство, идентитет и право на постоење.

„Мајчиниот јазик не може да се сведе само на една административна категорија тој е културна и духовна категорија, тој е јазикот во кој се оформува нашата прва мисла, првата приказна првата молитва“, професор доктор Гоце Цветановски научен советник во Институтот за македонски јазик.

Историски, македонскиот јазик постои со векови. Со решение на Народната влада на Федерална Македонија, на 5 мај 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик.