Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст меѓу земјите во регионот

Македонија се закотви на дното од земјите во регионот. Со раст од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се закотви на дното од земјите во регионот. Со раст од 1 отсто во 2023 година  e позади пеете земји во западен балкан, а на дното со раст од 2,5 проценти ќе бидеме и годинава според проекциите.  Пред нас се Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора

Извештај Светска Банка за Западен Балкан

Држава                           2023                              2024

Реклама

Црна Гора                      6.0                                  3.4

Косово                            3.1                                 3.7

Албанија                        3.3                                  3.3

Србија                             2.5                                 3.5

Босна и Херцеговина   1.9                                 2.6

Македонија                    1.0                                  2.5

Од Светска Банка укажуваат и на високиот дефицит кој е најголем и изнесува 5,2 отсто од БДП за 2023 година,  а минатогодиошниот раст се должи на нерелизиран извоз и мали залихи на компаниите, а исто и на помалата потрошувачка заради високите цени.  Од банката посочуваат дека треба да има структурни мерки, а не замрзнување на цени кои во суштина не ја решаваат инфлацијата

Инфлацијата се проектира на 3 отсо, но се уште се гледаат ризици, а еден од нив е и зголемувањето на платите повеќе од продуктивноста. Светска банка апелира да се работи на домашното производство за да се намали  увозот.

Економскиот раст бил забавен во сите земји од Западен Балкан, а најмногу кај државите кои се трговски врзани со земјите Западна Европа Пооптимистички се очекувањата за 2025 година кога бројките би се вратиле на ниво пред Ковид кризата. Препорака за сите власти остануваат структурните реформи .