Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Светиот крст на Водици ќе биде положен во водите во Пробиштип и Злетово

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип, информираат од Општина Пробиштип.

Во соопштението од Општина Пробиштип се наведува дека во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот.

-Во Пробиштип, манифестацијата ќе се одржи во 11:00 часот на Аква паркот, каде ќе се осветат водите во градскиот базен и ќе се одржи традиционалното капење по светиот крст. Светата литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 08:00 часот. По завршувањето на литургиите, од двете цркви ќе се тргне со свечена литија кон местата на одржување на настаните, каде ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст, се вели во соопштението на Општина Пробиштип. 

Реклама

Општината ги известува и сите младоженци, кои во текот на изминатата година стапиле во брак, како и сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во капењето по светиот крст, дека е задолжително да извршат пријава во црквите во Пробиштип и Злетово.

-Пријавувањето ќе се врши од 16 до 18 јануари 2026 година, секој работен ден, во период од 09:00 до 16:00 часот. Лицата кои нема да бидат пријавени нема да можат да учествуваат во капењето по светиот крст, потенцираат од Општина Пробиштип.