Реклама
Македонија

Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Македонија, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Македонија, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, завчера во Собранието беа избрани за членки на Судскиот совет по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во образложението во Собранието, истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Реклама

Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министер за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.