Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Економија

Судството во 2025 имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји.

-Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, бидејќи за некој процент што зборуваше, е многу повисик во однос на тоа што значи процент издвоен за судство во европските земји, рече Димитриеска Кочоска.

Таа направи споредба со буџетите на судството во изминатите години, како и средствата што тие ги бараат.

Реклама

– Би сакала да ја искористам приликата да искоментирам дека нивниот буџет во 2025 година бил 2,85 милијарди денари, па потоа со ребалансот 2,74 милијарди денари, за следнава година се на исто ниво како минатата, а притоа морам да напоменам дека барале 5,22 милијарди денари (80-тина милиони евра, н.з.). Значи од 2,7 милијарди барале 5,22 милијарди денари. Притоа лимитот којшто согласно законот за буџети кога се спрема буџетскиот циркулар, секој буџетски корисник добива од Минстерството за финансии лимит во рамки на којшто треба да си ги планира своите расходи. Лимитот им бил 2,99 милијарди денари. Она што е многу поважно за мене, во однос на платите, платите за 2023, на пример, за да направиме споредба биле 1,99 милијарди денари, а платите во 2025 се 2,33 милијарди денари (38 милиони евра, за 6 милиони евра повеќе, н.з.), а платите кои ги побарале во тој буџетски циркулар за плати побарале 3,75 милијарди денари (или плус околу 22 милиони евра,н.з.). Значи од 2,3 побарале скоро 1,4 милијарди денари повеќе во услови кога имаме фискална консолидација, кога некогаш се трошело многу повеќе отколку што било дозволено, а ние сега треба државата да ја вратиме во нормала што значи следната година треба да постигнеме три проценти буџетски дефицит, рече таа.

Министерката повтори дека во моментов се прават анализи за тоа отприлика колкава би била бројката, но тоа мора да се поткрепи, и како што рече, „сега во моменот анализираме, знаеме отприлика каква би била бројката, но мора уште еднаш да се поткрепиме и да се потврдиме од што, бидејќи не е само да кажаме 0,3, 0,4 или 0,8 проценти, туку мора да знаеме од што“.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија. 

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.