Маратонскиот судски процес за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари. Откако почнасудењето во 2022-ра, се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија.Со нов судија, судскиот процес по трет пат се врати од почеток и повторно запре.Цели седум месеци не е одржано рочиште бидејќи се чека супервештачење кое треба го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет.На последното одржано рочиште на 23 април беше побарано супервештачење со образложение дека вештачењата од Институтот за судска медицина и оној од Клиниката за гинекологија се спротивни по својата содржина.
-Јас не верувам дека 7 месеци не може да се формира судско медицински одбор,но знам дека повеќе не е мудро да се чека,вели адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев кој како што вели ургентно ќе реагира до обвинитеството а ако тоа не вроди со плод, ќе ги преземе сите законски мерки кои му се на располагање.
“Што ќе правиме ако застари предметот,супервештачењето не е изготвено.Кога ќе застари предметот, тоа ќе значи како никогаш да не е сторено кривичното дело кое им се става на товар и одбраната тоа си го искористува.Јавниот обвинител е должен да го убрза овој процес, да ги праша супервештаците зошто не го работат, зошто не се формира и ако не дадат соодветно образложение да превземе мерки што законот му ги дозволува”- вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Од самиот почеток се одолговлекува судењетона докторите од Струга кои ме осакатија и ме оставија без три органи. Јас сум половина човек,од мене направија инвалид-неутешна е Веапоска која на свои 32 години никогаш повеќе не ќе може да стане мајка.
“Не знам ништо дали намерно или ненамерно се одлага супервештачењето, но ги замолувам и сакам што побргу да се донесе таа одлука бидејќи здравствено не сум добра,се лечам,одам на доктори.Можеби ќе треба и нов оперативен зафат да имам, затоа ги замолувам дури сум жива да ја слушнам правдата”-вели Јилдз Веапоска
Од струшкиот основен суд велат дека судењето не може да продолжи се’ додека не се изготви супервештачењето.Инаку скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Тројцата лекари Мухамед Асани,поранешен директор на струшката болница, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска,обвинителството ги гони за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.
Росица Голабоска
