Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Судир за животниот стандард: СДСМ критикува,ВМРО-ДПМНЕ одговара со податоци и резултати

Нов ден, нови прозивки од опозициската СДСМ за две години Влада. Партијата со истата реторика повтоно  ја напаѓа власта дека сиромаштијата расте, а платите стагнираат. Пратеничката Тренчевска оценува дека има нула исполнети ветувања. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, нови прозивки од опозициската СДСМ за две години Влада. Партијата со истата реторика повтоно  ја напаѓа власта дека сиромаштијата расте, а платите стагнираат. Пратеничката Тренчевска оценува дека има нула исполнети ветувања.

„Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните Македонскиот работник живее потешко, социјално-ранливите граѓани се заборавени од државата, пензионерите изманипулирани.ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%. Денес инфлацијата е 4,8% и е речиси двојно повисока од ветувањето.“- вели Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДСМ  паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување, возвратија од ВМРО- ДПМНЕ. Од таму велат дека по 7 годишното владеење на социјалдемократите била наследена осиромашена држава, заглавена во огромни долгови. Денес велат се опоравуваме од погрешните политики.

Реклама

„Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека владините политики даваат резултати и придонесуваат за подобрувањето на животниот стандард, а Македонија бележи и раст на БДП од 3% и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.