Реклама
Македонија

Судењето за Вања и Панче почнува на 4 септември

Љупчо Палевски и останати соучесници обвинети за грозоморното двојно убиство на  малата Вања од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Палевски и останати соучесници обвинети за грозоморното двојно убиство на  малата Вања од Скопје и велешанецот Панче ќе седнат заедно на обвинителна клупа на четврти септември. Скопскиот кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството и во една постапка ќе суди кој е организатор и реализатор на двојното убиство.  

Ваквата одлука доаѓа откако обвинителите ја завршија истрагата за првоосомничениот Палевски кој што во мај беше екстрадиран од Република Турција, а бидејќи се работи за исти случај , судот го презакажа денешното рочиште за еден месец .

Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки, велат од Кривичен

Реклама

До овој момент обвинението за Палчо се уште не е поднесено. Како што Алфа објави претходно, истрагата против првоосомничениот во случајот е завршена.

Постапката започна откако Турција го испорача Палевски во Македонија, а какви докази се собрани и што се има во нив засега не се открива. Одбраната во меѓувреме одлучува кои аргументи ќе ги приложи во корист на Палчо. За грозоморните убиства освен на Палчо ќе се суди и на , Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кои се осомничени за помагачи во убиствата. Откако беше екстрадиран од Турција Палевски беше на распит пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје и тогаш тој пред новинарите кажа дека не се чувствува виновен за убиствата на малата Вања и велешанецот Панче Жежовски.

Малолетната Вања Ѓорчевска, беше пријавена за исчезната на 27 ноември ,а беше пронајдена мртва во атарот на селото Бразда на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Според обвинението, девојчето било киднапирано од влезот на зградата откако нејзиниот татко им кажал на грабнувачите кога ќе излезе за на училиште, Вања била одвезена со автомобилот на велешанецот Панче, кој бил грабнат на 22 ноември минатата година .