Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Судењето за финансиските злоупотеби на Клиниката за Онкологија почна – Обвинетите Васев и Нухи негираат вина

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за Онкологија и ја злоупотребиле довербата од граѓаните и здравствениот систем со цел сопствено богатење. Обвинителството тврди дека тие наместо во интерес на клиниката и на онколошките пациенти, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании. Почна судењето за финансиските злоупотреби на Клиникатаза онкологија, обвинителсатвото ќе докажува дека за тоа одговорни се  двајцата поранешни директори. Васев и Нухи негираат вина.

  • Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски.. При одобрувањето на терапиите Васев не зел предвид дека клиниката располага со доволна количина на лекови за пациентите. Дел од лековите не ги аплицирал на пациентите за кои биле наменети“,  изјави Гоговска Јакимовска.  

Васев и Нухи пред судот тврдат дека ќе докажат дека сите набавки на лекови ги правеле законски.

  • „Цел живот работам на клиниката за Онкологија и целта ми била да се спасат човечки животи. Економското вештачење е направено и потпишано од двајца медицински и економски директори на клиниката кои беа разрешени на мое барање“ рече Васев.
  • „Мојата невиност во случајот ќе произлезе од материјалните и вербалните докази кои ќе ги изведеме. Ќе се види какви пропусти направило Јавното обвинителство и зошто сите рокови во истрагата беа пробиени“ рече Нухи.

Во меѓувреме, во ќелијата во Шутка каде Васев издржува мерка притвор, биле пронајдени три телефони од затворските чувари. Судот добил известување за тоа, но ексдиректорот пред судијката Славица Наумовска Јосифовска тврдеше дека ниту еден не е негов.

Реклама
  • „Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“ – рече Васев.

Обвинителството Васев и Нухи, ги товари дека за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.