Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

🎥 Судењето за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија почна – обвинетите Васев и Нухи негираат вина

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за Онкологија и ја злоупотребиле довербата од граѓаните и здравствениот систем со цел сопствено богатење. Обвинителството тврди дека тие наместо во интерес на клиниката и на онколошките пациенти, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании. Почна судењето за финансиските злоупотреби на Клиникатаза онкологија, обвинителсатвото ќе докажува дека за тоа одговорни се  двајцата поранешни директори. Васев и Нухи негираат вина.

Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски.. При одобрувањето на терапиите Васев не зел предвид дека клиниката располага со доволна количина на лекови за пациентите. Дел од лековите не ги аплицирал на пациентите за кои биле наменети,  изјави обвинителката Гоговска Јакимовска.  

Васев и Нухи пред судот тврдат дека ќе докажат дека сите набавки на лекови ги правеле законски.

Реклама

„Цел живот работам на клиниката за Онкологија и целта ми била да се спасат човечки животи. Економското вештачење е направено и потпишано од двајца медицински и економски директори на клиниката кои беа разрешени на мое барање“ рече Васев.

„Мојата невиност во случајот ќе произлезе од материјалните и вербалните докази кои ќе ги изведеме. Ќе се види какви пропусти направило Јавното обвинителство и зошто сите рокови во истрагата беа пробиени“ рече Нухи.

Во меѓувреме, во ќелијата во Шутка каде Васев издржува мерка притвор, биле пронајдени три телефони од затворските чувари. Судот добил известување за тоа, но ексдиректорот пред судијката Славица Наумовска Јосифовска тврдеше дека ниту еден не е негов.

-„Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“ – рече Васев.

Обвинителството Васев и Нухи, ги товари дека за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.