Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Суат Шаќиров го доби решението за прв мандат за градоначалник на Општина Чашка

Во  организација на Општинската изборна комисија Чашка во просториите на  Општина Чашка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во  организација на Општинската изборна комисија Чашка во просториите на  Општина Чашка, на Суат Шаќиров, кандидат на ДУИ, кој беше победник во првиот круг од Локалните избори 2025, од страна на претседателот на ОИК Ридван Лимани, попладнево свечено му беше врачено решението за прв мандат од четири години за градоначалник на Општина Чашка.

Воедно решенија им беа врачени на 10 од вкупно 11 советници, а еден беше отсутен. Новиот состав на Советот го сочинуваат шест советници на ДУИ, тројца од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и двајца од СДСМ и Коалицијата.

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чашка Суат Шаќиров во изјавата дадена попладнево рече дека победил на фер и демократски локални избори 2025 уште во првиот круг.  Воедно потенцира  дека водел мултиетничка кампања и дека одел од „врата до врата“ кај сите семејства во населените места во Општина Чашка и разговарал со нив за нивните проблеми и потреби. Тој посочи дека дека кампањата ја водел двојазично, на македонски и албански јазик.

Реклама

Новиот градоначалник Шаќиров потенцира дека денеска им упатил порака на сите новоизбрани советници, без разлика на партија и определба, со него да имаат добра соработка и заеднички да се договараат и да работат во интерес за подобар живот на сите жители на Општина Чашка.

Воедно на вработените во општинската администрација на Општина Чашка им порачал да работат посветено и професионално во интерес на сите жители во општината.

-За САД пред која година наназад не беше страшно што за претседател беше избран човек во боја. Јас не сум крив што сум се родил Албанец, јас ќе работам за сите жители во Општина Чашка и им гарантирам на сите жители дека ќе бидам еднаков за сите без разлика на вера и националност, порача новиот градоначалник на Општина Чашка, Суат Шаќиров.