Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Студентите на нивниот меѓународен ден: Намалете ги студентските програми, променете го концептот

Бесплатно високо образование за најдобрите. Промена на концептот и намалување на студиските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатно високо образование за најдобрите. Промена на концептот и намалување на студиските програми, како што е пракса во регионот. Ова на Меѓународниот ден на студентите го побара претседателот на Универзитетско студентско собрание, кој рече дека борбата за подобри услови за студирање не завршува тука.

„За нас како студенти најважен е квалитетот во образованието, намалување на огромниот број студентски програми, промена во нивниот концепт, затоа што се соочуваме со недостаток на практични вештини, се соочуваме со голем број на Универзитети, а секоја година тие паѓаат на рангираните листи“, рече претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николовски.

Студентското собрание до Министерството за економија испратија предлог, таканаречениот ваучер систем, со кој ќе се допринесе, по дипломирањето младите да можат да изградат кариера во Македонија.

Реклама

„Како универзитетско студентско собрание на УКИМ поднесовме мерка нашите млади создаваат дома до министерството за економија со кое што се предвидува ваучер систем за задржување на младите во земјата, по дипломирањето да отворат сопствен бизнис, да го продолжат образованието на посдипломски студии или на докториски студии или пак да основаат Старт ап“рече претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николовски.

„Мора да забележиме дека соработката помеѓу студентите и институциите е зголемена, што е за поздравување и мислам дека уште треба да се работи на тоа поле, меѓутоа недостасува многу повеќе вложување во науката, давање на можности на студентите да го искажат својот став“, рече Ристо Савески, претседател на МОФ.

Националниот координатор за реформи на високото образование Солза Грчева, рече дека приоритет на оваа влада се реформите, за што е неопходна многу работа од сите чинители. 

„Приоритетите на кои работиме во моментов се точно оние кои сега ги кажаа двајцата студенти. Се стремиме кон квалитетно високо образование, против одливот на мозоци, да ги заостриме критериумите за тоа кои може да биде професор кај нас, да го намалиме бројот на студентски програми, да ги подобриме условите за студирање, да се избориме со таа партиципација за студентите, да им овозможиме што поголем број на бесплатни услуги, да ги дигитализираме универзитетите“, изјави Солза Грчева, националниот координатор за реформи на високото образование.

На светскиот ден на студентите, на Правниот факултет во Скопје се одржа Саем на студентски и младински организации, а студентите зборуваа студентското организирање, меѓународна и регионалната соработка.