Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Стружани ќе останат без вода ако ЈП Водовод не си го плати долгот кон ЕВН

Доколу јавното претпријатие “Водовод ” не го подмири долгот за струја во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколу јавното претпријатие “Водовод ” не го подмири долгот за струја во висина од околу 280.000 евра,Струга ќе остане без капка вода бидејќи компанијата снабдувач со електрична енергија ќе ги исклучи пумпните станици од електро-енергетскиот систем. Локалната власт и јавното претпријатие со амин на мнозинството во Советот најдоа за нив соломоски решение, огромниот долг кој се акумулирал за само една година, да го превземе и така удавена во долгови Општина Струга.На ова силно реагираа опозициските советници.

 “Вакви долгови општината не би требало да покрива и треба да се побара одговорност. Навистина граѓаните на  Струга, оние кои живеат на вода се соочуваат со есенцијално прашање поврзано со водата и освен високите сметки за вода, треба да покриваат и долгови кои настануваат нерационално вели Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ

Создадено е непишано правило Општина Струга која е основач на јавните претпријатија да го превзема плаќањето на нивните долговите кои континуирано се создаваат ,а за тоа никој не превзема одговорност ,велат од Алијанса на Албанците.

Реклама

Прашан како настал овој огоромен долг од 280.000 евра за 365 дена, директорот на претпријатието вели дека наследените долгови се зголемиле затоа што годинава пресушиле изворите кои ја гаснат жедтта на стужани,па морал дополнително да ги вклучи пумите за црпење на подземни води што според него,троши многу струја.

Кога дојдов во претпријатието наследив блокирана жиро сметка со судско решение согласно кое можам да користам месечно 8 милиони денари,а само за плати и други обрски одат 7 милиони денари. Побарав од судот зголемување на времената рамка на 10,5 милиони денари но тоа беше одбиено.Затоа неможеме да го исплатиме долгот кон ЕВН”, вели Дашмир Насуфи –директор на Ј.П “Водовод Струга :”

Насуфи потврди дека стужани ревносно си ги плаќале сметките за вода, со што на контото на прептријатието во последното тромесечје имало 3 милиони денари, пари кои што не се доволни за нормално функционирање на претпријатието. Поради долгот во неколку наврати до сега остана без струја административната зграда на прептпријатието.

Росица Голабоска