Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа во однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.

Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој, соопшти Министерството за транспорт.

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку  Министерството за транспорт. Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика,  државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови.  Исто така, со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.

Реклама

Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  

– Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките. Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни. Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на решенија кои создаваат брз економски развој и поквалитетни услови за живот за граѓаните, се наведува во соопштението.