Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Стручна расправа за ефикасноста на јавните финансии

Фискалниот совет на Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фискалниот совет на Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучните фискални предизвици во земјата.

Според агендата, со поздравни обраќања на настанот што се одржува во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се обратат министерката за финансии м-р Гордана Димитриевска-Кочовска, академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратешки истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и академик Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет. 

Во рамки на расправата ќе бидат презентирани анализи за ефикасноста на јавната потрошувачка, одржливоста на јавниот долг, институционалната поставеност и фискалната одговорност, како и за улогата на фискалните правила во подобрување на фискалните биланси, со учество на истакнати академици и експерти од земјата.

Реклама

Организаторите нагласуваат дека настанот има за цел да придонесе кон јакнење на фискалната стабилност и транспарентноста во управувањето со јавните средства во Македонија.