Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Строги протоколи, претреси – Околу 15 илјади матуранти полагаат државна матура

14 834 матуранти под построги протоколи од досега,  во холовите и спортските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

14 834 матуранти под построги протоколи од досега,  во холовите и спортските салите на училиштата, наместо во училниците го полага првиот испит од државната матура по мајчин јазик.

Учениците беа во  училиштата 1 час пред почетокот на испитот , а во просториите за полагање, според правилникот  влегоа  без своите мобилни телефони кои ги оставија исклучени во наменски кутии.

 Новиот начин на полагање е за да се спречи можно препишување  што се забележуваше изминатите години. Полагањето во целата држава беше надгледувано од околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во училишатата каде редовно работат и плус околу 250 набљудувачи од државните институции.

Реклама

Претходните години се полагаше во училници со групи од 15 ученици, сега еден тестатор се грижи за група од 15 ученици меѓутоа групите се сместени во голем простор се користат училишните холови, училишните спортски сали. Материјалите тргнаа уште во 5 часот, секаде се разнесени низ државата, секаде се дадени на тестаторите на време, учениците се во училишта така што нема никаков проблем.- Билјана Михајловска – директорка на Државен испитен центар

Најавата за построги протоколи на дел од матурантите им предизвикала стрес пред полагањето, но велат дека испитот поминал  без проблеми. Очекуваат позитивни оценки за да можат д аго продолжат образованието, поголемиот дел дома во македонија, но некои имаат планови и за странство.

Потребен бил краток период на прилагодување за новиот начин  на полагање и за учениците и за училиштата.  Мајчин јазик во гимназијата „ Орце Николов “ во Скопје денеска полагаа 276 ученици .

Во разговор со учениците за кратко време го прифатија овој начин на полагање, сепак за сите нас е нов, малку требаше повеќе организација во простор за да можеме да се огранизираме ние конкретно. – Митко Димовски – директор на СУГС Гимназија Орце Николов

Инаку, Македонски јазик и литература денеска полагаа 10 088 ученици,  4189 албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

Вториот изборен  испит ќе се полага на 8 јуни, а како што кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули. Инаку, државна матура во Македонија се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис во високообразовна установа.