Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

„Стрелајте, кучиња, но нашата идеја нема да умре!“ — 83 години од масакрот во Ваташа

На денешен ден, 16 јуни, се навршуваат 83 години од стрелањето на дванаесетте ваташки младинци – едно од најтрагичните и најболните злосторства врз цивилното население во Македонија за време на Втора светска војна. Нивната жртва и денес останува симбол на отпорот против бугарскиот фашистички окупатор и борбата за слобода. Во месноста Чаир кај Моклиште, во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешен ден, 16 јуни, се навршуваат 83 години од стрелањето на дванаесетте ваташки младинци – едно од најтрагичните и најболните злосторства врз цивилното население во Македонија за време на Втора светска војна. Нивната жртва и денес останува симбол на отпорот против бугарскиот фашистички окупатор и борбата за слобода.

Во месноста Чаир кај Моклиште, во близина на кавадаречкото село Ваташа, бугарските окупаторски сили стрелаа дванаесет младинци, оставајќи рана што ниту времето не успеа да ја избрише.

Утрото на 16 јуни 1943 година, селото било блокирано, а група младинци биле приведени под сомнение дека им помагаат на партизаните. По часови испрашувања, тепања и мачења, дванаесет момчиња на возраст од само 15 до 28 години биле одведени кон Моклиште под лажен изговор дека ќе бидат фотографирани.

Реклама

Кога стигнале кај месноста Чаир, сфатиле што ги очекува. Во миговите пред смртта се обиделе да побегнат, а окупаторските сили ја издале наредбата за стрелање. Најмладиот меѓу нив имал само 15 години.

Според сведоштвата, еден од младинците во последните мигови од животот храбро извикал: „Стрелајте, кучиња, но нашата идеја нема да умре!“. Зборови што и денес одекнуваат како симбол на непокорот, достоинството и вербата во слободата.

Нивните родители, скршени од болка и под закани од окупаторот, не смееле ниту достоинствено да ги погребаат своите деца.

Денес, 83 години подоцна, на местото на трагедијата стои споменик кој потсетува на дванаесетте ваташки младинци. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија како симбол на непокорот, храброста и младоста која не ја наведна главата пред фашистичкиот окупатор.