Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Странски инвестиции во време на геополитички предизвици – доказ за довербата во државните политики на Македонија

Странските инвестиции остануваат значаен двигател на македонската економија. Позитивните ефекти се повеќекратни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странските инвестиции остануваат значаен двигател на македонската економија. Позитивните ефекти се повеќекратни – директно вбризгување капитал и трансфер на нови технологии, како и креирање на нови работни места со висока додадена вредност. Експертите коментираат дека државата мора да продолжи со политиката на поддршка на меѓунардоните компании.

„ Со тоа што ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми обемот на работа на компаниите, а истите апро по на тоа е претпоставката дека ќе направат повеќе обрт, повеќе пари, повеќе профит, вели Сашо Маневски, финансиски експерт.

Инвестирањето во време на геополитички предизвици е уште еден доказ за довербата во државните политики што ги спроведува Македонија.

Реклама

„Економскиот раст се генерира од два извора. Од инвестициите и резултатот од инвестициите, А, вториот од продуктивноста на работниците. Тие се основата на зголемената економска активност. Во зависност од нивото на инвестициите ќе зависи зголемувањето на растот на економијата. И тоа е многу битен фактор, освен другите фактори кои се генератори на економскиот раст“, вели Маневски.

Инаку во последната анкета спроведена меѓу странските инвеститори, 55% се изјасниле дека повторно би вложиле во Македонија што е зголемување за 13 процентни поени во однос минатата година.