Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Живот во црно – по 13 години девојче од Скопје конечно впишано во матичната книга на родени

Повеќе од една деценија фантомски живот во Македонија. По 13 години невидливост,девојче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од една деценија фантомски живот во Македонија. По 13 години невидливост,девојче од скопско Шуто Оризари, конечно стана видливо за општеството. Нејзините мајка и баба повеќе десетина години се борат со како што велат, неажурноста на инстиуциите, за нивното чедо да добие извод од матичната книга на родени. Бабата на малолетното девојче со силни емоции раскажа дека со години биле препраќани од една во друга институција, за на крај случајот да отиде во рацете на Народниот првобранител и да се реши за само неколку недели. Внуката на Ѓулизар Сулејмани сите изминати 13 години била спречена на правото за лекување и школување.

Според Народниот правобранител Насер Зибери проблемот за вадење на лични документи во Македонија е системски, нотирани се низа пропусти во работата на Управата за матични книги.

Правобранителот кажа дека околу 700 луѓе во Македонија живеат без документи кои немаат матичен број, и немаат извод од матичната книга за родени.Најголемиот дел од нив се Роми.