Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

„Културното наследство низ делата од колекцијата на Националната галерија“ – изложба во Мала станица

Националната галерија на Македонија денеска од 13 часот во Мала станица ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната галерија на Македонија денеска од 13 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Културното наследство низ делата од колекцијата на Националната галерија“, на која ќе бидат претставени триесетина дела што го документираат и визуелно го претставуваат културното наследство на нашата земја, со посебен акцент на недвижното културно наследство – цркви, манастири, џамии, амами, како и профани градби од разни региони на Македонија. 

-Изложбата „произлегува од богатата и разновидна колекција на Националната галерија на Македонија. Таа опфаќа внимателно селектирани околу 30 дела, кои не ги откриваат само архитектонските и уметничките особености на претставените објекти, туку ја истакнуваат и нивната историска, документарна и културна вредност. Преку сликарските и цртачките сведоштва, посетителите ќе имаат можност да добијат увид во изгледот на старите градби, нивната просторна структура, архитектонските елементи и декоративните решенија, како и во промените на нивната состојба низ времето. Меѓу авторите чии дела се застапени на изложбата се Љубомир Ивановиќ, Лазар Личеноски, Ѓорѓи Ачески, Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов и други значајни уметници. Тие твореле во разни временски периоди и уметнички контексти, соопшти Националната галерија на Македонија.

Најголем дел од делата што ќе бидат изложени потекнуваат од првата половина на XX век, кога македонската ликовна уметност се развивала во допир со традиционалните вредности и современите модернистички тенденции.

Реклама

-Покрај нивната несомнена уметничка вредност, делата имаат и особено значење како визуелни и документарни сведоштва за културниот простор на Македонија. Тие овозможуваат согледување на историскиот контекст, изгледот и особеностите на архитектонските објекти, но и на уметничките пристапи и ликовните техники применувани од авторите. Во таа смисла, секоја слика и секој цртеж претставуваат непосредно сведоштво за едно време и за културното наследство што го обликувало просторот во кој живееме. Со овој изложбен концепт, Националната галерија отвора нов пристап кон интерпретацијата и презентацијата на сопствената колекција, откривајќи ја нејзината документарна димензија и потенцијалот на уметничките дела како сведоштва за културното наследство. Изложбата претставува можност за пошироката јавност повторно да го открие богатството и разновидноста на македонското културно наследство, согледано низ уметничкиот израз на авторите кои го забележале и овековечиле, наведува организаторот. 

Раководител на изложбата е виш кустос Маја Крстевска, соработник е кустосот  Владимир Таневски.