Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Стопанска комора: Законот за санкции може да предизвика нефер однос кон компаниите

Влегувањето на црните листи на Соединетите Држави и на Обединетото Кралство во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегувањето на црните листи на Соединетите Држави и на Обединетото Кралство во македонските закони претставува ставање на државата над правото, на Владата над судовите. Според Стопанската комора на Македонија, предлог законот кој излегува од кујната на Бујар Османи е избрзан и може да предизвика нефер однос кон компаниите.

Експертите во најголем дел мислат е едноставно убрзано преврлање на одлуки, излегува од нашиот систем, излегува надвор од нормалната регулатива за една држава и некако наликува на прекисуд, без судски процес, докажување на постапките одредени субјекти можат драмитично да бидат повредени , никој не е тука да ги штити правата на оние кои се огрешиле, или работеле против интересите на државата или уште пострашно во делот на делот тероризам, вели Антони Пешев извршен директор на Стопанската комора.

На фирмите кои ќе се најдат на црните листи, според предлогот, ќе им биде забрането да учествуваат во јавните набавки, без никаква одлука на македонските судови.

Реклама

Според најголемата комора во Македонија , компаниите не смеат да бидат злоупотребени како политичко средство, а одлуките треба да си ги носи самата држава, а не туѓ систем .

Најголем дел од правните експерти ценат дека е пребрзана и недоволно анализирана одлука и може да биде причината за поведување некоја постапка, но не може да биде ад хок прифатена без да се води доказна постапка на нашиот систем, крај краева Македонија е суверена држава и одлуките дали некој ќе биде исклучен или нема да биде исклучен ќе ги донесе државата, нашата позиција е дека заслужуваат фер третман а не стварање на црни листи по нечија лично .. и да бидат злоупотребени како политичко средство. Една работа е дали се санкционираат личности од политиката, меѓутоа компаниите да Првичните реакции се дека ако е ставена во законска рамка треба да е смислено многу прецизно, вели Антони Пешев , Извршен директор на Стопанска комора.

Правните експерти реагираат дека со ваквиот закон се прави упад во уставниот поредок и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска што е основен постулат на демократијата, а воедно тој се коси и со Европската конвенција за човекови права. Владата, пак, е на ставот дека на овој начин ќе се засилела борбата со корупцијата.