Реклама
Македонија

Стојкоски отчетно пред граѓаните: Tри години на развој, инвестиции и значајни промени во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вчера во Домот на културата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вчера во Домот на културата одржа впечатлив и јасен отчет пред граѓаните, кој изобилуваше со резултати и конкретни постигнувања од неговиот тригодишен мандат. Презентирањето на сработеното беше транспарентно и професионално, со акцент на најзначајните инвестиции и инфраструктурни проекти што ја трансформираа општината.

Со осветлување на проектите кои оставиле најголем впечаток и кои ќе имаат долгорочен позитивен ефект за сите жители, Стојкоски покажа како со тимска работа и со јасна визија може да се остварат значајни промени. Силната посветеност и стратегија на неговото раководство беа во фокусот на неговото обраќање, кое нагласуваше дека резултатите не се случајни, туку резултат на упорна работа и целосна посветеност.

„Во овие три години, вложивме во образованието, инфраструктурата, социјалните проекти и спортот. Резултатите кои денес ги гледате се директен доказ за тоа како ќе продолжиме да работиме на создавање на поубави и подобри услови за живеење. Не сме се застанале тука, туку ги поставивме темелите за уште поголеми инвестиции и нови проекти кои ќе ги обогатат нашите населби,“ истакна Стојкоски.

Реклама

Како клучни проекти ги издвојуваат : Изградба на нова градинка во Стопански Двор со капацитет за над 120 деца – прв ваков проект во ова населено место.

Проширување на градинката „Детелинка“ за дополнителни 100 места и отворање на нов објект „Сонце“ во Волково, кој обезбеди сместување за 200 деца, решавајќи долгогодишен недостаток.

Доградба на две нивоа и изградба на спортска сала во училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ – проект од историско значење за образовната инфраструктура.

Прв сензорен центар за деца со попреченост во Македонија, формиран во градинката „Пампурче“.

Асфалтирани над 80 улици како дел од проектот „Ѓорче Петров без кал“, најголемата инфраструктурна иницијатива во историјата на општината.

Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето во Кучково преку изградба на целосно нов систем.

Изградба на фекална и атмосферска канализација во повеќе населени места, меѓу кои улиците Радушка и Манчу Матак.

Прв социјален клуб во Македонија за лица со аутизам, изграден во Ѓорче Петров.

Регионален центар за ресоцијализација на деца кои го победиле канцерот, во завршна фаза на изградба во Кучково – пример за хуманост и посветеност.

Изградба на нови спортски терени во основните училишта „Мирче Ацев“, „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Страшо Пинџур“, кои обезбедуваат можности за активен живот за младите.

Нов парк за рекреација во Ново Село и реконструкција на Спортскиот центар „Бранители“ како инспирација за нови генерации спортисти.

Донесен Детален урбанистички план (ДУП) СЗ 16, со кој се поставува основата за модерна урбана општина, додека за потомците на бранителите обезбедени се поволности како безплатен оброк и сместување во градинките и училиштата.

Стојкоски најави нови инвестиции и проекти за 2025 година, истакнувајќи ја посветеноста на општината кон понатамошен развој и подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Меѓу клучните планови се изградба на нова детска градинка во Дексион за 120 деца, изградба на нов локален пат Волково-Орман, пробивање на улицата „Социјалистичка Зора“, како и продолжување на инфраструктурните проекти во сите населени места.

„Ѓорче Петров ќе продолжи да биде општина на развој, просперитет и посветеност,“ истакна Стојкоски, потенцирајќи дека со посветена работа, јасна визија и поддршка од граѓаните, општината гради основи за модерна, функционална и одговорна заедница.