Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Прилози

Стојкоски: „Новите владини мерки за житопроизводителите се од помош за земјоделците, ама ќе преговараме и за уште други неопходни мерки“-

Новата дополнителна помош од државата за плус 3 денари по килограм предадена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата дополнителна помош од државата за плус 3 денари по килограм предадена пченица, како и зголемувањето на субвенциите за јачменот од 6.000 на 12.000 денари по хектар, несомнено дека ќе помогне за одржливоста на производството на овие две култури. Но, за да има зголемување на површините и приносите, ќе мора уште да се работи на оваа проблематика, и тоа сега, и веднаш кога есенската сеидба е на прагот, велат од македонската Асоцијација на земјодолци и фармери.

Она што сакаме да го потренцираме, сакаме прво со министерот да го разговараме, а јас верувам дека ќе најдеме решение, за да не’ убедат нас земјоделците за да имаме поголемо производство на тие зрнести производи..За потребите на Македонија немаме доволно пченица во текот на една цела година. Имаме ние потенцијал, имаме земја, имаме сончеви денови, сите услови ги имаме, треба само подобро да се организираме“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија.

  Филип Костиноски е млад земјоделец. Има седум членови во семејството од три генерации и сите живеат исклучиво од земјоделството. Произведуваат буквално се’, од градинарски производи до тутун, пченица, јачмен и сончоглед на површина од околу 35 хектари, а чуваат и стока. Вели, задоволен е од актуелните напори на ресорното Министерство во насока на идно порентабилно земјоделско производство. Ама и тој мисли дека овде никако не треба да се запре, туку напротив – треба да се работи уште повеќе и постратешки за сите земјоделски гранки.

Реклама

Жито имам околу 20 хектари, 10 хектари сончоглед..ценава не е добра. На 10 денари, јас по 10 денари го предадов, не е добра. Е сега, со овие 3 денари што ни ги даваат дополнителни, со нив можеме нешто да покриеме за сеидбава, инаку…годинава 5 хектари планирам да посеам жито на оваа цена, оти бев во загуба многу и кај нас приносот е многу мал, по 300 кг дава по декар“ – ни рече Филип Костиноски, млад земјоделец.

Инаку, на почетокот од неделава, Владата ги изгласа двете нови програми за поисплатливо производство на пченицата и јачменот, а министерот Цветан Трипуновски кажа дека интенцијата на оваа Влада е Македонија по секоја цена да го врати епитетот на солидна аграрна земја каде Владата ќе биде доверлив и сигурен партнер на македонските земјоделци, особено во зедничкото донесување на идните национални аграрни стратегии.

Каролина Дурло