Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Стојаноски: Од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, јавниот долг опаѓа на 56,9%

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, јавниот долг во третиот квартал опаѓа на 56,9%.

„На отворени финансии, за кои што Вие пред малку излажавте дека за 10% е покачен долгот, знаете што кажува? Квартал три од кога ВМРО-ДПМНЕ ја преземала власта, на отворени финансии е 56,9%. Јавниот долг паѓа. Еве отворени финансии, истото тоа што Вие го исцитиравте’’, потенцираше Стојаноски.

Пратеникот додаде дека буџетот не може да „пукне’’, поради тоа што има зголемување на даноците и приходите.

Реклама

„Велите за плати и пензии. Плати 10 милијарди денари повеќе, нема институција во која што не се зголемуваат платите. Пензии, 15 милијарди повеќе. Пет илјади денари секој пензионер ќе добие повеќе средства. Кажувате како е возможно надуваниот буџет да не пукне. Многу просто. Приходите се зголемени за 16%, даноците за 12,3%, така ќе ги штедат граѓаните повеќе’’, појасни Стојаноски.