Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Стојаноски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Стојаноски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена и работи на сериозна анализа околу локалните избори, и е подготвена да го заврши тоа кое што го започна од самиот старт со апсолутен триумф. Во контекст на тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје, Стојаноски истакна дека фокусот моментално е ставен на тоа да се изгради конкретен план за ресетирање на градот.

Стојаноски потенцираше дека ќе бидат соопштени 85% од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а исто така нагласи и дека советничките листи се во подготовка за се добие конкретна слика.

,,Анкетите на многу места и во многу општини се веќе завршени, во деловите од државата каде што веќе имаме градоначалници, анкетите веќе привршуваат. На крај на месец мај ќе се знаат 85% од имињата кои што ќе настапат за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стојаноски.

Реклама

Стојаноски истакна дека се работи на сериозна анализа во пресрет на локалните избори и дека како ВМРО-ДПМНЕ се договара со коалиционите партнери околу кандидатите за градоначалници. Тој додаде дека доколку кандидатите од коалицијата се совпаѓаат со принципите, ќе бидат поддржани.

,,Тоа кое што сме го започнале пред 10-тина месеци ќе го финишираме на овие локални избори. Започнавме и направивме одредена победа, но овие локални избори ние ги гледаме на коалициско ниво, како простор да направиме апсолутен триумф бидејќи ние на овие локални избори имаме намера и план да го понудиме целиот наш политички легитимитет“, дециден е Стојаноски.

Во контекст на изборот за кандидат за градоначалник на Град Скопје, Стојаноски објасни дека неколку кандидати веќе ги рефлектираат своите размислувања, но она на кое што ВМРО-ДПМНЕ работи е тоа да се направи конкретен план и програма за рестарт на градот.

,,Во моментот е да изградиме заедно со нашите коалициски партнери е да изградиме еден план за рестарт на градот Скопје бидејќи на градот му е неопходен рестарт. Во сите сфери гледаме дека граѓаните се незадоволни и сакаме да излеземе со конкретен план и програма“, заклучи Стојаноски.