Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце.

„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градинка“, рече Стојаноска.

Според Стојаноска Јегуновце може да стане привлечно место за сите посетители, за вкусна храна, центар за спортски настани.

Реклама

„Диме добро знае што значи поддршка од централната власт. Тоа го виде во овие 15 месеци откако Влада е на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршката за него и ќе продолжи во следниот период“, кажа Стојаноска. 

Стојаноска упати пораки и до актуелниот и идниот градоначалник Костадиновски и до личностите кои се на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот во општина Јегуновце.

„Продолжи со исто темпо и продолжи ја својата приказна. Општината е доказ дека може да се успее, иста е и пораката и до советниците. Ние во ВМРО-ДПМНЕ успеавме поради истрајноста, упорноста, вербата и јасна визија за иднината. Советници следете ја јасната визија на градоначалникот сегашен и иден и  јасната визија на претседателот Христијан Мицкоски“, заклучи Стојаноска.

Стојаноска повика и укажа дека вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9.