Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Стојаноска: Вината за загрозување на здравјето и животите на граѓаните оди на адреса на Заев и неговите Филипче и Спасовски

Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од КОВИД-19, Венко Филипче, трчајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од КОВИД-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Филипче и Заев, а и на Оливер Спасовски, се покажа дека политиката и тендерите им се поважни од здравјето на граѓаните, ама и од животите на граѓаните. Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев. Сведочиме и за случаи на дискотеки полни со народ, каде никој нема маска, дистанца пак нема воопшто, ама не е тоа важно, важно е што објектот бил во сопственост на нивни другари, на друштвото на Заев. Кога станува збор за друштвото на Заев ништо не е важно, не се ни помислува на здравјето на граѓаните. Додека Заев и неговото друштво ги интересира личниот профит, инспекторите најавуваат кривични пријави. Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните, вели Стојаноска.

Таа додава дека ако вака се продолжи со загрозување на здравјето и животите на граѓаните, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател Заев кој е занесен во лагите и сторувањето на криминал.

Реклама

-Неспособноста за справување со корона кризата е видлива, како никогаш досега. Неспособноста на Заев и неговите Филипче и Спасовски се плаќа со здравјето и животите на граѓаните, потенцира Стојаноска.