Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Стојаноска: Предлог буџетот за 2026 година е насочен кон фискална консолидација, со цел намалување на дефицитот и зголемен економски раст

Предлог буџетот за 2026-та година е насочен кон фискална консолидација, со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог буџетот за 2026-та година е насочен кон фискална консолидација, со цел намалување на дефицитот и зголемен економски раст. Дизајниран да ги поддржи домаќинствата, да ја зајакне социјалната заштита и да инвестира во клучни сектори кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Меѓу клучните придобивки за граѓаните, како што посочи Стојаноска, се подобрување на социјалната заштита и пензиите.

-Средствата за пензии се зголемени за 10,7%, односно 10,3 милијарди денари повеќе, што директно ги поддржува пензионерите во услови на зголемени трошоци за живот. Додека пак вкупните средства за социјална заштита се зголемени за 7,8%, вклучувајќи поддршка за невработени, децата и ранливите групи, истакна таа.

Реклама

Посочи дека е зголемена поддршка за здравствената заштита, односно дека буџетот за здравство е зголемен за 1,5%, со дополнителни 884 милиони денари насочени кон подобрување на јавното здравство, медицинска опрема и услуги за пациентите.

Во контекст на тоа додаде дека се предвидуваат и инвестиции во здравствената инфраструктура, односно 316 милиони денари за реновирање и модернизација на јавното здравство.

-Средствата за образованието пак, се зголемени за 3,4%, со акцент на средното и високото образование, како и изградба и реновирање на училишта и студентски домови, спортски сали и енергетска ефикасност во образовните установи, рече Стојаноска.

Говорејќи за економскиот развој и вработувањето, рече дека активните мерки за вработување имаат зголемена финансиска поддршка за 2,5%, насочени кон намалување на невработеноста во Македонија. Воедно, како што додаде, се става фокус и на поддршката за развој на мали и средни претпријатија, преку дузина програми.

Стојаноска посочи дека се подобрува инфраструктурата и животната средина, за што се предвидени 12,3 милијарди денари за патишта, железница и јавен превоз. Како и средства за намалување на загадувањето, управување со отпад и заштита на водните ресурси.

Во однос на децентрализација и поддршка на локалните самоуправи, Стојаноска нагласи дека блок-дотациите, односно трансферите до локалните самоуправи се зголемени за 6,1%, што им овозможува на општините да ги подобрат локалните услуги, инфраструктурата и условите за живот во локалните заедници.

-Економски раст и стабилност- Преку намалување на дефицитот за 5,1%, ќе придонесеме за зголемена макроекономска стабилност и одржлив раст и развој. Воедно, се зголемуваат и приходите во буџетот. Просекот на економскиот раст од 3,8% во 2026 и подобрената наплата на даноците се со единствена цел: обезбедување поголема финансиска сигурност, истакна Стојаноска.

Според неа, Предлог-буџетот за 2026 година ги балансира фискалната одговорност и потребите на граѓаните.

-Фокусот останува на поддршка на економскиот развој, социјалната правда, како и многу други сектори на кои ќе има силно позитивно влијание. Се ова, директно или индиректно насочено кон секој еден граѓанин. Финансиски документ кој верувам дека ќе добие широка поддршка од пратениците, бидејќи претставува вистинска инвестиција во иднината, нагласи Стојаноска.