Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен, прво за дрога, сега пијан нападнал полицајци, МТСП мора да реагира

Почитувани,  Директорот на ЦСР од Радовиш, Александар Филев кој што е од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, 

Директорот на ЦСР од Радовиш, Александар Филев кој што е од СДС, и којшто пред 20 дена во Штип беше уапсен заради трговија со дрога, на 8 март бил уапсен заради алкохолизам и насилство врз полицајци среде полициска станица. 

Според полициски извори, на 8 март во 19.45 во полицијата во Радовиш е приведен Александар Филев, директор на ЦСР Радовиш, видно алкохолизиран, заради нарушување на јавен ред и мир, а во полициската станица се заканувал на двајца полицајци и кон нивните семејства, па е лишен од слобода заради дело Загрозување на сигурност по член 144 став 3 од КЗ.

Реклама

Истиот дирекот на ЦСР Радовиш, истиот Филев од Радовиш, пред само 20 дена во Штип беше уапсен од полиција за недозволена трговија со дрога, а кај него била најдена опојна дрога.

Почитувани Александар Филев е директор на ЦСР од декември 2023-та година, по избор на Јована Тренчевска функционер од СДС и по избор на СДС чијшто член и поддржувач е Филев.

Ова е втор тежок инцидент на Филев, Директор на ЦСР Радовиш за два месеци. Во неполни 20 дена, Александар Филев директор од СДС, е апсен, прво заради дрога, втор пат алкохолизиран и нападнал полицајци среде полициска станица.

Почитувани,

Ова е срамно. Едно е дали СДС има потреба од ликови како Филев со кои можеби сака да врши изборен поткуп и злоупотреба на ЦСР, но ЦСР е пресериозна институција и со неа да раководи човек апсен со дрога или алкохолизиран насилник, па дури и да е од СДС и во предизборен период.

Оттука, во интерес на зачувување на дигнитетот на Центрите за СР, во интерес на лицата коишто користат услуги на ЦСР, но и во интерес на Македонија, го повикуваме Министерството за труд и социјални работи, под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши и отстрани Александар Филев од ЦСР Радовиш до расчистување на случаите. 

Ниеден процес како Техничка влада или изборни правила не смее да е над правата на корисниците на услугите на Ц-те за СР, но и вработените во ЦСР, да бидат водени и одлуки за нив да носи лице со проблеми со зависности од дрога и алкохол како што е можно да е Александар Филев од СДС Радовиш.

Никогаш не било полошо, време е за промена!

Интегрален текст на прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ