Реклама
Економија

Стоилковски со документи: Лукаревска лаже дека е спречен криминал за поврат на ДДВ, УЈП демантира

УЈП не спречила криминал за поврат на ДДВ како што се пофали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УЈП не спречила криминал за поврат на ДДВ како што се пофали Лукаревска, туку загубила најмалку 22 милиони евра од Буџетот.  Иако, таа тврдеше дека законски не смее да ги објави имињата на компаниите кои сакале да ја оштетат државата, од ВМРО – ДПМНЕ објавија документи дека една од фирмите е Окитна трејд.

Имено, тогаш  се викала Актико Текст, само по три месеци постоење побарала поврат на ДДВ од 10,5 милиони евра, а пријавиле дека должат само 3 илјади евра наспроти проценката од Управата која надминувала 8 милиони.   Но, не се само овие пари кои фирмата ги испумпала од државната каса . Според ВМРО-ДПМНЕ, истата година, сопственчката Зуле Кармзова ја продава на Егзон Бериша, косовски државјанин, па по три месеци повторно искористува половина милион евра од државата

Фирмата менува адреса од Струмица во Визбегово, менува и име АКТИКО ТЕКСТ во ОКИТНА ТРЕЈД. Таа фирма за три месеци 2023та, искористува поврат на ДДВ нови 0,5 милиони евра за набавена стока од 14 милиони евра. И таа треба да плати 2,7 милиони евра, ама пријавиле 15 илјади евра данок.  За појасно, вкупно оваа фирма, од април 2022 до март 2023, искористила 11 милиони евра поврат на ДДВ, треба да плати 11 милиони евра данок за стока за која вкупно пријавила до УЈП само 18.000 евра. А во декември сменила сопственик, од Струмица на Косово, и адреса од Струмица во Визбегово, вели Наум Стоилкоски , портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Реклама

УЈП се одлучува за проверка за овој  сомнителен случај дури по седум месеци, но тогаш не може да го најде сопственикот Бериша. Во ваква ситуација  на државата 11 милиони евра и должи фирма со непостоечки газда. ВМРО – ДПМНЕ бара одговор : Што правела Управата за јавни приходи цела година ? 

Според податоците што ги има, УЈП го бара преку МВР. А одговорот е следен: Егзон Бериша не постои, има друго лице со тој број на пасош, а тој во Македонија таа година воопшто не влегол. И УЈП констатира дека нема деловни книги, сметководство и дека фирмата со непостоечки газда должи над 11 милиони евра! Ама сега нема кој да плати.  Зошто УЈП спиеле цела година? Нова фирма одеднаш пријавува поврат за енормни 50 милиони евра? Па не прашува зошто со стока од 50 милиони евра пријавува 15.000 евра данок? Не прашува зошто по само 8 месеци, со поврат на ДДВ фирма од 11 милиони евра – фирмата се продава? – прашува Стоилкоски.

Од УЈП излегоа со демант , тие се оправдаа оти случаите кои ги обелодени опозицијата не биле дел од претходно објавената афера.  Од таму велат дека немало извршено поврат на ДДВ, а компанијата должела 22 милиони евра, а за се била известена финансиската полиција

Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди,(а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста)
Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг а не поврат и е врз основа на извршена контрола,за барање на поврат на ДДВ.
Информираме и дека побарани се податоци  за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ  и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување, велат од УЈП.
            
Инаку, пред неколку дена УЈП инрформираше дека преку фиктивни фактури , домашни компании , трговци со нафта и нафтени деривати на големо и мало во сопственост на државјани од Косово и Хрватска се обиделе да ја измамат државата за 180 милиони денари преку поврат на даноци . Истите, немале пријавено ниту вработени, ни лиценци , бензиски или складишта. Управата се пофали оти го спречиле ова, но не откри за кои компании станува збор.