Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стоилковски: Неспособноста на Спасовски и Владата ги принуди граѓаните да се „тресат“ за лични документи

Во обид да го испочитуваат рокот, граѓаните на Македонија во редици, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во обид да го испочитуваат рокот, граѓаните на Македонија во редици, на ладно, чекаат да извадат лични документи. Ваквата недолична ситуација е резултат на неспособноста на министерот Оливер Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И не случајно сме тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор за да извадат лични документи. А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање.

 Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС. Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ. Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор – безредие!

Реклама

МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните! Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал.

СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори“, потенцираат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.