Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како Грофот, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како Грофот, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата  84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински часови, по 2 часот, кога обвинетиот самиот се јавил на бројот за итни повици. Убиството било извршено со зелен нож, кој, според судот, Зарков и претходно го користел при извршување кривични дела поврзани со семејно насилство.

Судијата Георгиев вели дека според архивата на Основниот суд во Штип, Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители. Зарков во текот на судењето, во два наврати даде исказ дека не се сеќава дали ја убил неговата мајка. 

Реклама

Пресудата беше објавена во отсуство на Зарков, кој е во притвор во Затворот-Куманово.

Инаку, во Основниот суд во Штип од 2020 до денеска изречени се три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства. Од нив едната е изречена  лани за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, која беше задавена, а сторителот самиот се пријави во Полициска станица-Штип.