Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.

Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.

Реклама

„Во државава во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.