Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Нашата економска политика се темели на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и поддршка на македонското стопанство. Токму овие политики обезбедуваат континуиран раст на економијата и создаваат услови за нови работни места и повисоки приходи за граѓаните.

Македонија бележи раст од над 3% во 7 последователни квартали, а според кварталните показатели се наоѓаме помеѓу водечките европски економии по стапка на раст. Истовремено, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година.

Реклама

Создадени се 17.000 нови работни места и ова е уште еден јасен показател дека мерките што ги спроведуваме даваат резултати и создаваат нови можности за вработување и економски развој.

Во областа на јавните финансии, јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон капитални проекти.

Денес сме исправени пред обврската да го намалуваме јавниот долг, да ја одржуваме финансиската стабилност и да инвестираме во развој.

Нашата цел останува јасна,  стабилна економија, стабилни јавни финансии, нови инвестиции, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за сите граѓани.

Македонија забрзува!