Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Стојаноска: Иницираме законски измени на Законот за пратениците со кои во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

Во Собранието веќе е поднесен предлог-закон за измена на Законот за пратениците.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието веќе е поднесен предлог-закон за измена на Законот за пратениците. И тука повторно ќе пукне уште еден меур од сапуница, оние списоци што ги објавуваа, па сега ги направија повторно многу актуелни со парламентарните избори во Бугарија, дека многумина од нашите пратеници, функционери, се со двојни државјанства – истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата на телевизија „Алфа“ .

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Стојаноска се осврна на предлог-законот за измена и дополнување на Законот за пратениците, кој веќе е поднесен во Собранието, и се предлага воведување услов – пратеник да може да биде само лице што има исклучиво македонско државјанство. Таа нагласи дека токму од страна на опозицискиот СДСМ биле неосновани обвинувањата дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што рече, се токму актуелни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за кои СДСМ наведува дека се со бугарско државјанство и додаде дека денес ќе пукне уште еден меур од сапуница од страна на СДСМ.

– Потписници на оваа измена на Законот за пратениците се токму актуелни пратеници од оваа листа што ја вадат од СДСМ: Антонијо Милошоски, Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Игор Здравковски и Марија Петрушевска. Ако Антонијо Милошоски има бугарски пасош, дрско е тој да биде потписник. Предлогот е кандидатите за пратеници, кога ќе има следни избори, ако имаат двојно државјанство, да не може да станат пратеници. Да видиме како ќе се изјаснат колегите од СДСМ и затоа велам – денес ќе пукне уште еден меур од сапуница од страна на СДСМ. Денес ќе го имаат како предлог на самата седница кога ќе се усвојува дневниот ред за дополна бидејќи е по скратена постапка, не се работи за некоја сложена измена, и да видиме впрочем кој сѐ ќе гласа „за“, а кој блефира – децидна е пратеничката Стојаноска.