Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Стихиен почеток на раниот откуп на тутунот: Тактизираат и откупувачите, и тутунопроизводителите

Стартуваше раниот откуп на тутунот. Во првите два дена, откупот се одвива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стартуваше раниот откуп на тутунот. Во првите два дена, откупот се одвива стихијно и со многу слаб интерес и кај тутнопроизводителите, но и кај откупните компании. Од вкупно 10-те откупувачи кои располагаат со 305 ваги, вчера и денеска откупуваат само две компании на 19 ваги. Според новоформираниот Сојуз на тутунски здруженија, слабиот интерес и не е изненадување, бидејќи тоа било така со години наназад при секој почеток на откупот.

„Од вчерашниот ден почеток на откупот најави „Кавекс“, а денеска почеток на откупот накави и „Сокотаб“. За утрешниот ден има најавено „Пашоски“ со отворање на вкупниот број ваги. Во Прилеп се’ уште нема донесено тутун во откупните пунктови, меѓутоа имаме сознанија дека во источниот дел на Македонија и во Пелагонија има однесено тутнун и откупен е сиот во прва класа, со напомена дека откупувачите влажниот и сувиот тутун во моментов не го откупуваат“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Што се однесува до годинашните откупни цени, од Сојузот велат дека тие се на ланското ниво, но не се исклучува можноста со анекси на веќе договорените цени тие да бидат зголемени при самиот откуп.

Реклама

„Ние очекуваме 420 ден./кг да биде просечна цена од која мислиме дека тутунопроизводителите ќе бидат колку-толку задоволни за да ги покријат трошоците“, – објаснува Ристески.

„Родот е со одличен квалитет и нормално тутунарите очекуваат повисоки класи и затоа е овој застој вака. Мора да дојдеме до една вистинска цена за да опстане тутунопроизводството и оваа култура“, – рече тутунар од долненско.

Засега откупот воопшто не е започнат ниту во прилепскиот Тутунски комбинат, иако минатата недела оттаму беше соопштено дека тие се подготвени за откуп. Според Законот, сите откупни компании се должни најрано пред пет дена да го информираат Сојузот дека ќе започнат со откуп. Годинашните откупни цени се 375 ден. за првата класа, 300 за втората и 260 денари за третата класа, а очекувањата се дека родот ќе тежи најмногу околу 17 милиони кг тутун, наспроти очекуваните 26 милиони кг и е за 20-30 проценти повеќе од лани.

Каролина Дурло