Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Стигнаа налепниците со „НМК“, уште од изутрина има метеж пред станиците за технички преглед

Метеж во станицaта за технички преглед на автомобили во Штип. Налепници има,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Метеж во станицaта за технички преглед на автомобили во Штип. Налепници има, ама и револтирани возачи кои во редици чекаат за да ги заменат ознаките на регистарските таблички. Брзаат да го испочитуват рокот за замена, кој е вечерва до полноќ..

  • „Сега е 10часот, а јас не можам да отидам на работа. Тоа е малтретирање на луѓето! Не е само ова, и лепенки и пасош, за било што и да е. Се можеше да се направи тој моменет кога вадевме нови регистрации. Тогаш требаше налепници. Јас не знам што е оваа работа. Само народот да губи време и да се малтретира. Штом си немаме држава, така ќе биде„ реагираат граѓаните.

Има огромен интерес велат од штипски Автомото сојуз. Изминатите денови имале и по 300повици на ден од граѓани кои барале промена на налепниците во НМК. Има четири видови на налепници, во зависност од превозното средства. Ќе се прави и евиденција на кои се доделени истите. Дополнителен проблем е начинот на кој се поставуваат. Тоа не може да го направи самиот возач, туку треба лично да појде во станицата кадешто под видео надзор, контролорот ќе ја залепи налепницата.

  • „За мене тоа е лично парадирање и нема никаков основ. Или имате или немате налепници. Која е логиката тоа да се прави на камера не знам, но така одлучила државата, така ќе се прави„ изјави Роберт Рогожарски.

Освен налепница на автомобилите, граѓаните со новото име треба да имат возачка и сообраќајна.

Реклама
  • „Возачката уште не сум ја продолжил, а мора и тоа да го направам.Утринава бев да ја средам и личната карта, имаше голема редица. Ќе имат оправдание и повод како да не казнуват. Немаш сменета возачка дозвола и ќе те казнат, а всушност мојата возачка се уште важи„реагираат граѓаните

Во случај на настаната штета при сообраќајна несреќа, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета. Засега не се знае колкав е бројот на автомобили чии регистарски таблички треба да добијат нови налепници.

Александра Ристевска